ИМАШЕ СРЕЌА, МНОГУ ГОЛЕМА СРЕЌА...

БОСТОН ЌЕ ОСТАНЕШЕ БЕЗ УШТЕ ЕДЕН ИГРАЧ: Страотен пад на младата ѕвезда (ВИДЕО)

Тргна да ја забие топката, го направи тоа, силно, но "подзастана", по што уследи страшниот пад, директно на рбетниот столб...

објавено: 9 март 2018 - 18:00

Реакциите на неговото тело и на раката при падот ја престрашија публиката и играчите на теренот. Беше тоа неверојатно „грда сцена", налик на онаа по која Бостон Селтикс останаа без својот дебитант Хејворд на првиот меч од сезоната.

На овој против Минесота, во „главна улога" беше Џејлен Браун.
Тргна да ја забие топката... Го направи тоа, силно, но "подзастана", по што уследи страшниот пад, директно на рбетниот столб...

„Бев престрашен"- рече Маркус Смарт, а Ал Хорфорд, кој беше најблиску до настанот, дополни:

„Тоа беше грдо за гледање, среќен сум што стана од паркетот, затоа што ова беше најтешкото паѓање кое сум го видел некогаш во мојата кариера"- дополни центарот од Доминикана.

Голема среќа имаше младата ѕвезда на Селтикс, затоа што нема(л), односно поминал без посериозни повреди на рбетот ниту на вратот, а тренерот на Бостон Бред Стивенс порача дека Браун се чувствувал прилично добро.
Како изгледаше сето тоа...

Најново во Кошарка