ИМ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДИТЕ

Бостон може без Ирвинг, Кливленд во проблеми (ВИДЕО)

Продолжува трката за лидерското место во Источната конференција. Бостон без Кајри Ирвинг славеше на гостувањето кај Чикаго со 105:89, Кливленд на домашен терен го совлада Детроит со 112:90.

објавено: 6 март 2018 - 08:30

По поразот од Хјустон, Бостон безо се врати на победничките патеки, откако на гостувањето кај Чикаго славеше со убедливи 105:89 без Кајри Ирвинг, кој поради болки во коленото го пропушти овој меч. Неготово отсуство го замени Браун, кој постигна 21 поен. Џејсон Тејтум имаше 14 поени, додека Ал Харфорд постигна 13 поени. На другата страна Валентајн имаше 20 поени.

И Кливленд им се врати на победите, по двата порази во серија. Леброн Џејмс и неговиот тим на домашен терен го совладаа Детроит со 112:90. Кавси до 37 победа сезона дојдоа без помошта на Кевин Лав, Тристан Томпсон и Џеф Грин, кој се надвор од стројот. Последен се повреди Томпсон, кој откако во саботата заработи повреда на скочниот зглоб се врати на терените, но ситуацијата се искомплицира па тој е принуден да паузира. Нивното отсуство добро го надополни Леброн, кој постигна 31 поен, седум скока и седум асистенции.

И натаму лидер на Истокот е Торонто кој има скор од 45 победи и 17 порази, на второто место е Бостон со три порази повече, додека Кливленд е далеку зад нив со 37 победи и 26 порази.

Резултати: Кливленд – Детроит 112:90, Индијана – Милвоки 92:89, Мајами – Феникс 123:103, Чикаго – Бостон 89:105, Сан Антонио – Мемфис 100:98, Јута – Орландо 94:80, ЛА Лејкерс – Портланд 103:108.

Најново во Кошарка