НБА

Бостон повторно фати залет (ВИДЕО)

Бостон влезе во победнички ритам, на домашен терен ја совлада Минесота со 91:84 и остана на лидерското место во Источната конференција.

објавено: 6 јануари 2018 - 08:00

Бостон влезе во победнички ритам, на домашен терен ја совлада Минесота со 91:84 и остана на лидерското место во Источната конференција. Двата тима приредија одлична кошаркарска претстава, домаќинот дури во последната четвртина успеа да дојде до поголема позитива. Маркус Смарт со 18 поени и Кајри Ирвинг со 16 поени, девет скока и осум асистенции беа најефикасни кај Бостон. На другата страна Таунс имаше 25 поени и 23 скока.

Резултати: Бостон - Минесота 91:84, Филаделфија - Детроит 114:78, Мајами - Њујорк 107:103, Милвоки - Торонто 110:129, Далас - Чикаго 124:127, Сан Антонио - Феникс 103:89, Денвер - Јута 99:91, Мемфис - Вашингтон 100:102, Портланд - Атланта 110:89, ЛА Лејкерс - Шарлот 94:108.

Најново во Кошарка