ЌЕ ИМА СПЕКТАКУЛАРНА ЗАМЕНА НА ДРАФТ „ЕДИНИЦАТА"

Бостон се согласи: Филадефија ќе бира прва!

Селтикс ги договориле сите услови со Филаделфија, ќе се откажат од првиот, но ќе добијат неколку други пикови во изборот на 22. јуни.

објавено: 18 јуни 2017 - 16:10

Раководството на Бостон Селтикс се согласи. Наместо од првата, на 22. јуни и драфт-вечерта во НБА лигата, да бираат од третата позиција. Онаа која официјално, до тој момент ќе ја има екипата на Филаделфија Сиксерс.

Најтрофејниот клуб (засега) во историјата на НБА лигата, ќе се откаже од правото да бира прв, и за возврат од Филаделфија ќе ја добијат можноста да бираат од третата позиција.
Освен тоа ќе ги добијат и правото на избор во првата рунда на драфтот во 2018 година кое го имаат „седумдесетишестките", кое првобитно му припаѓаше на ЛА Лејкерс.
Она што е исто така важно да се напомене е дека тој пик не може да биде во „интервал" од второто до петтото место на драфтот, а освен тоа, Селтикс добија пик од драфтот две години подоцна.
Секако, „подарок" од Филаделија, која многу извесно за неколку дена ќе го одбере проектираниот прв пик", Маркел Фулц, кој токму овие денови одработи т.н. „воркаут" со дел од играчите на Сиксерс.

 

Најново во Кошарка