ДАЛИ ОВА ЌЕ БИДЕ СЕЗОНАТА НА ЏЕЈМС ХАРДЕН?

„БРАДАТА" НЕМА НАМЕРА ДА ЗАПРЕ: Урна рекорд стар 45 години! (ВИДЕО)

Кошаркарот на Хјустон Рокетс стана првиот играч кој после многу години во осум мечеви по ред остварил 300 и повеќе поени, и 85 и повеќе асистенции...

објавено: 17 ноември 2017 - 18:03

Џејмс Харден делува незапирливо уште од почетокот на оваа сезона. Го покажа тоа популарниот „Брада" и на последниот меч оној против Феникс (142:116) на кој реализираше 48. поени и седум асистенции.

Благодарение на тие бројки, Харден стана првиот играч по цели 45 години кој на осум мечеви по ред остварил повеќе од 300. поени, и повеќе од 865 додавања.
Пред него тој рекорд го држеше Нејт Арчибалд.
На овие осум последни натпревари бекот на Рокетс уфрли 301 поен (најмногу против Јута, 56), а додаде и 87. пати (против Индијана – 15).
Ол-стар играчот на Хјустон оваа сезона има просек од 30.7 поени, 10.3 асистенции и 4.9 скокови, и е најзаслужниот што неговата екипа има најдобар скор на Западот (12-4).

Најново во Кошарка