НЕ Е ВРЕМЕ ЗА КРИТИКИ ИЛИ ЗА ОБВИНУВАЊА...

БРАЈАНТ: Леброн или Мајкл? Дајте да уживаме...

Легендарниот Коби Брајант беше импресиониран со играта на Леброн Џејмс во седмиот финален меч од плеј-офот во источната конференција во која „Кралот" ги предводеше Кавалирс до ново големо финале...

објавено: 28 мај 2018 - 18:10

Легендарниот Коби Брајант беше импресиониран со играта на Леброн Џејмс во седмиот финален меч од плеј-офот во источната конференција во која „Кралот" ги предводеше Кавалирс до ново големо финале...

Кошаркарите на Кливленд ќе играат во финалето на НБА лигата, и тоа четврта сезона по ред, затоа што во седмиот и одлучувачки меч го совладаа Бостон Селтикс со (87:79).
Леброн Џејмс ги одигра сите 48.минути од „мајсторката" во „ТД Гарден" и мечот го заврши со 35. поени, 15. скокови и 9. асистенции.
А оваа нова блескава партија на „Кралот" Џејмс повторно предизвика дебати, дали и колку е Леброн подобар од еден Мајкл Џордан.

„Можеме да уживаме, а притоа да не понижиме било кој. Го сакам она што го прави немојте да расправате за тоа или за нешто во кое никој не може да победи"- пораш легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Коби Брајант.

Џејмс ќе го игра своето осмо финале, а досега освои три шампионски прстени со два различни тима.
Од друга страна Џордан беше шест пати шампион со Чикаго Булс.

 

Најново во Кошарка