ЗА КОБИ НЕМА ДИЛЕМИ КОЈ Е МВП НА ОВАА НБА СЕЗОНА

БРАЈАНТ: Што уште Харден треба да направи?

Легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс смета дека бекот на Хјустон Џејмс Харден заслужува да ја добие наградата за најкорисен играч во НБА лигата за сезоната 2017/2018...

објавено: 18 април 2018 - 11:10

Легендарниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Коби Брајант смета дека бекот на Хјустон Џејмс Харден заслужува да ја добие наградата за најкорисен играч во НБА лигата за сезоната 2017/2018...
„Брадата" го предводи тимот од Тексас до најдобриот резултат во лигашкиот дел од сезоната со просечен ефект од 30.4 поени, 8.8 асистенции и 5.4 скока.

„Веќе втора година по ред Џејмс Харден покажува феноменални игри. Она што го направи од првиот натпревар од регуларната сезона се до 82-та, заслужува да биде наградено. Не знам што уште треба да направи да би ја добил таа титула"- порача Коби Брајант.

Легендарниот кошаркар на Лејкерс со тимот од Калифорнија освои пет шампионски титули, два пати избран за најкорисен играч на финалната серија, а во 2008 година и за МВП на најсилната лига на светот.

Најново во Кошарка