ЗНАЕ ШТО И КАКО ТРЕБА ДА СЕ СТИГНЕ ДО ЦЕЛТА

БРАЈАНТ: Важни се само титулите

Легендарниот „езерџија" зборува за својата работна етика, за Шекил Онил, очекувањата од слободните агенти кои доаѓаат во тимот од ЛА...

објавено: 16 јуни 2018 - 13:00

Коби Брајант стигна до пет шампионски титули во својата 20 годишна кариера во НБА лигата.

Признава дека би сакал да има барем уште еден, но не е баш сигурен дали тоа би можело да биде во тандем со Шекил Онил
Иако освоија три по ред од 2000 до 2002 година, под водство на Фил Џексон, потоа губеа од Сам Антонио во полуфиналето на Западот, и од Детроит во големото финале.

"Мислам дека здравствените проблеми на Шек нè спречија да победуваме во континуитет. Забавно е да се постави прашањето, 'што би било ако останевме заедно уште три-четири години?'. Но реалноста е дека во последните две негови сезони во Лејкерси, веќе имавме потешкотии. Кога ќе погледнете колкаво е неговото тело, и што правеше на теренот, во некој момент мораше да го стигнат повредите"- појасни Брајант.

Смета дека оној тим од 2001 година, кој имаше 15-1 во плеј-офот, е еден до најдобрите во историјата на Лејкерси.

„Би се кладел на Лејкерси 2000/2001 против било кој тим во историјата на кошарката"- убеден е Коби, за онаа серија во која еден по еден паѓаа Портланд (3:0), Сакраменто (4:0), Сан Антонио (4:0) и Филаделфија (4:1).

Популарниот „Мамба" играше во НБА лигата од 1996 до 2016 година. И успешно се чуваше од повредите се до април 2013, кога ја скина Ахиловата тетива. Се случи тоа на крајот на сезоната, во седмиот по ред натпревар во кој играше 40. и повеќе минути, се со една цел, да го однесе својот тим во плеј-офот.

"Денеска има многу играчи со слични работни навики. Тоа се Кајри Ирвинг, Џејмс Харден, Расел Вестбрук, секако и Кевин Дурент и Леброн Џејмс. Тиа навистина поминуваат многу време во салата и така функционираат вече догол, долго време. Совет кон младите, нема смисло да тренираш напорно два месеци, а потоа да попуштиш. Треба да се биде константен во тоа и после десет години. Сите играчи кои ги споменав сигурно така и се однесуваа".

За последен пат, ЛА Лејкерс беа учесници во плеј-офот токму во тас спомената 2013 година, а моментално се во серија до пет неуспешни сезони. Сепак, оваа пролет, под водство на Лук Волтон за прв пат во овој „вакум-период" остварија повеќе од 30. победи. Поточно 35 (имаа и 57. порази). По што се надеваат дека следната сезона ќе направат уште еден чекор понапред.
Поради тоа во текот на јули сакаат на својот млад и талентиран тим да му придодадат еден или два супер слободни агенти, а кандидати има неколку. Од Леброн Џејмс, Пол Џорџ, па се до Демаркус Казнс и Крис Пол.

Зошто Лејкерси, Брајант има одговор за тоа.

"Еден врвен играч секогаш треба да се опредлеи за организација за која мисли дека ќе го стави во најдобрата позиција да се бори за титулите, затоа што тоа е целта број еден, нели е така? И намерно употребив множина – за титулите. Се се сведува на победување, заборавете го гламурот на некој град и големината на пазарот. А, вистина е, ако сакате да бидете обожувани во Лос Анџелес, морате да освоите титули. Можете да бидете најдоброто момче на светот, но ако не додадете некое шампионско знаме под кровот на салата, ќе ве заборават штом заминете или ќе се пензионирате" .

Најново во Кошарка