СЕЛТИКСИ НЕ ЗАСТАНУВААТ, ЈА ЗАБЕЛЕЖАА И 13 ПОБЕДА ВО НИЗА

Човекот маска: Ирвинг се врати, Бостон го суреди и Бруклин (ВИДЕО)

Бостон продолжува со импресивните партии, на гостувањето кај Бруклин славеше со 109:102 за 13-та победа во низа. 

објавено: 15 ноември 2017 - 08:20

Кошаркарите на Бостон ја забележаа 13. победа во низа во НБА-лигата, откако на гостувањето кај Бруклин славеше со 109:102.

Кајри Ирвинг по пауза од еден натпревар, со маска на лицето се врати на теренот. Во триумфот на Селтикси постигна 25 поени, Маркус Морис имаше четири поени помалку и 10 скока, додека Татум застана на 19 поени. На другата Харис имаше 19 поени.

Бостон во првата четвртина имаше позитива од девет поени (30-21), но домашниот тим на полувремето успеа да изедначи на 52-52. По одморот повторно доминираа гостите, кои зголемија на плус девет. Бруклин во последните 12. минути се обиде да направи нов пресврт, но немаше сили, Бостон веќе ги контролираше работите на теренот.

Торонто стави крај на серијата од шест победи на Хјустон, откако на гости славеше со 129:113. Во последната одиграна средба, Сан Антонио на гостувањето кај Далас беше подобар со 97:91.

Најново во Кошарка