КАВСИ ЈА „ВРЗАА“ 13 ПОБЕДА ВО НИЗА, ВОРИОРС ТЕРААТ БЕЗ КАРИ

Дабл-дабл на Леброн, Дурент со прв трипл-дабл (ВИДЕО)

Кливленд предовден од Леброн Џејмс го запиша 13. триумф во низа, откако на домашен терен го совлада Сакраменто со 101:95. Голден стејт без првата ѕвезда, Стеф Кари славеше на гостувањето кај Шарлот со 101:87. 

објавено: 7 декември 2017 - 09:00

Кливленд ја забележа 13. победа во низа, откако на домашен терен беше подобар од Сакраменто со 101:95. Со овој триумф Кавси го изедначија рекордот од франшизата. Главно име на теренот беше Леброн Џејмс, кој мечот го заврши со дабл-дабл од 32 поени и 11 скока. На ѕвездата на Кливленд му фалеше една асистенција за да дојде до трипл-дабл. Стандардна партија пружи Кевин Лав, кој исто така имаше дабл-дабл, но од 18 поени и 13 скока. На другата страна Зек Рендолф имаше 18 поени и 10 скока.

По овој меч, Кливленд остана на второто место на табелата во Источната конференција со 18 победи и седум порази, зад лидерот Бостон.  

Голден стејт пак го забележа петтиот триумф во низа и тоа без помошта на најдобриот, Стеф Кари, како и Дрејмонд Грин. Актуелниот шампион на гостувањето кај Сакраменто славеше со 101:87. Кевин Дурент беше најефикасен во редовите на Вориорс, постигна трипл-дабл од 35 поени, 11 скока и 12 асистенции. На него одлично се надоврза Клеј Томпсон, кој запиша 22 поени. 

Голден стејт и натаму е на второто место на Западот, со 20 победи и шест порази. 

Резултати: Кливленд - Сакраменто 101:95, Индијана - Чикаго 98:96, Орландо - Атланта 110:106 (прод.), Бостон - Далас 97:90, Њујорк - Мемфис 99:88, Шарлот - Голден стејт 87:101, Милвоки - Детроит 104:100, Њу Орлеанс - Денвер 123:114, Сан Антонио - Мајами 117:105, ЛА Клиперс - Минесота 107:113.

 

Најново во Кошарка