ДИЛЕМАТА Е СЕУШТЕ ОТВОРЕНА...

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВА ФОРМАТОТ: НБА плеј-офот по системот 1-16, 2-15...

Комесарот на НБА лигата Адам Силвер наговести дека постои можност да се промени форматот за доигрувањето за титулата, но без промени во бројот на учесници...

објавено: 18 февруари 2018 - 20:30

Поради честата невоедначеност во квалитетот помеѓу конференциите, многумина се повикуваа(т) на тоа дека во догрувањето за титулата треба да се пласираат 16.најдобри тимови, независно од која конференција се.
Но сега, Адам Силвер, комесарот на НБА лигата најавува своевиден компромис – односно и понатаму да има по осум тимови од истокот и од западот, но потоа тие да бидат поредени од 1 до позицијата број 16. место, а според ефектот во регуларниот дел Што од друга страна би овозможило во големното финале на НБА да гледаме дури и тимови од иста конференција.

Сите би сакале да имаме форма во кој двата најдобри клуба на крајот ќе заиграат во финалето. Се случува, на пример, двете најдобри екипи да играат во финалето на една конференција. Ќе продолжиме со настојувањата да ја промениме таа можност "- вели Силвер.

Исто така станува збор и за проблемите со патувањата во сегашниот начин на плеј-оф дериите кои се играат според системот „2-2-1-1-1"што ги става во подредена ситуација тимовите кои играат (по) долги серии.

„Можеби на крајот едноставно ќе мораме да додадеме уште неколку денови во сезоната како малку би ја развлекле и би овозможиле повеќе одмор"- дополнува комесатот на најсилната лига на светот за време на паузата „предизвикана" со настаните од Ол-стар викендот во Лос Анџелес.

Инаку, за овие евентуални промени неопходно е да гласаат 20 од оние 30. тимови во НБА лигата, секако за да се спроведат во дело.
Но засега, сето ова останува само на приказна, а ќе видиме во наредниот период дали ќе се претвори во некоја реалност.

Најново во Кошарка