Србија останува без најскапиот играч во историјата

Даниловиќ: Јокиќ нема желба да игра за репрезентацијата!?

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Предраг Даниловиќ ја шокираше целата домашна јавност, откако најави дека најдобриот и најплатениот српски кошаркар во моментов, Никола Јокиќ, нема(л) повеќе желба да игра за српската репрезентација.

објавено: 7 ноември 2018 - 16:30

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Предраг Даниловиќ ја шокираше целата домашна јавност, откако најави дека најдобриот и најплатениот српски кошаркар во моментов, Никола Јокиќ, нема(л) повеќе желба да игра за српската репрезентација.

„Мислам дека тој повеќе нема желба да игра за Србија. Да не се лажеме, тоа е така, само што тој тоа треба јавно да го каже. Јас како претседател на КСС би бил најсреќен да дојде и да игра за репрезентацијата, ама сооглед на некои последни неиграња и причини поради кои не можел да игра, јас во сето тоа не верувам. Првата година требаше да потпише голем договор и тоа го разбрав и го поддржав. Зошто да ризикува егзистенција, па тоа ми е разбирливо. Ама, некои други причини не ми се разбирливи. Јас сакам Никола да биде со тимот, ама не сум сигурен дека постои волја кај него. Се надевам дека грешам" - изјавил Даниловиќ.

Центарот на Денвер Нагетс, има одлични настапи за својот клуб во изминатиот период коиова лето беа наградени со фантастичен договор вреден скоро 150.милиони долари.
Но за селекцијата на Србија нема играно уште од Олимписките Игри во Рио де Жанеиро пред две години, кога со „орлите" го освои среброто.
Лани го пропушти Евробаскетот, а сега го нема ниту во составот за квалификациите за Мундобаскетот идната година во Кина.

Најново во Кошарка