Само три натпревари во утринската НБА програма

Дејвис сам го победи Њујорк (ВИДЕО)

Популарната „веѓа" постигна 40 поени и беше најдобриот играч на тернот, на мечот меѓу Њујорк и Њуорленс каде што гостите победија со 110:96

објавено: 10 јануари 2017 - 08:18

Серијата од три едноподруго порази, кошаркарите на Њуорленс Пеликанс ја прекинаа на гости против Њујорк, каде што победија со 110:96.

Предводени од маестралниот Ентони Дејвис кој имаше дабл-дабл учинок од 40 поени и 18 скокови, гостите на овој меч остварија многу важна победа во борбата за плеј-офот.

Расел Вестбрук и Оклахома остварија уште еден триумф. Овој пат „жртва" беше Чикаго кој пред своите навивачи изгуби со 94:109. Најдобриот играч на Оклахома повторно беше блиску до трипл-дабл, откако на своето конто имаше 21 поен, 14 асистенциии девет скокови.

НБА
Њујорк – Њуорленс 96:110
Чикаго – Оклахома 94:109
Минесота – Далас 101:92

Најново во Кошарка