Третпат во историјата се случи последен дуел да одлучува

Денвер не ја мина последната станица во Минесота

Екипата на Минесота тимбервулфс го фати последниот воз за доигрувањето за титулата во НБА лигата и тоа по многу драма и победа по продолженија против Денвер нагетс

објавено: 12 април 2018 - 09:00

Екипата на Минесота тимбервулфс го фати последниот воз за доигрувањето за титулата во НБА лигата и тоа по многу драма и победа по продолженија против Денвер нагетс.

Фантастичниот меч меѓу двете екипи одлучуваше која од двете екипи ќе биде осмопласирана во Западната конференција, а со триумф од 112:106 и тоа по продолженија им успеа на кошаркарите на Минесота. За третпат во историјата на НБА лигата директен дуел во последниот ден од регуларен тек на сезоната одлучуваше кој оди понатаму, а кој испаѓа.

Џими Батлер со 31 поен ги предводеше „Волците“ до плејоф, а одличен беше и Таунс со 26 поени и 14 скока. Кај поразениот тим Никола Јокиќ блескаше со 35 поени и 10 скока.

По победата против Денвер, екипата на Минесота ќе игра со првопласираниот состав на Хјустон во првото коло од плејофот за титулата.

Еве ги двојките од двете конференции:

Запад, 1. коло, плејоф за титула

Хјустон - Минесота, Голден стејт - Сан Антонио, Портланд - Њу Орлеанс и Оклахома - Јута

Исток

Торонто - Вашингтон, Бостон - Милвоки, Филаделфија - Мајами и Кливленд - Индијана.

Најново во Кошарка