ДАЛИ ЌЕ БИДЕМЕ СВЕДОЦИ НА УШТЕ ЕДНА „ОДЛУКА"

ДЕСТИНАЦИЈА ЛЕБРОН: Кои пет тима (ќе) се борат за потписот на „Кралот"?

Пет најреални сценарија за ова лето околу тоа каде Леброн Џејмс ќе продолжи да игра...

објавено: 21 февруари 2018 - 20:30

Леброн Џејмс ќе биде слободен играч ова лето, а одлуката каде ќе игра следната година би можела длабоко да ја „заниша" НБА лигата, но и фановите низ целиот свет.

Каде „Кралот Џејмс" ќе го пресели својот трон?


Опциите се неколку, а најчесто споменувани се пет...

ОСТАНУВАЊЕ ВО КЛИВЛЕНД?
Сепак, Охајо е неговиот дом. А сите добро се сеќаваат какви беа реакциите на навивачите кога заминуваше за Мајами, каде освои две шампионски титули. На својот град му донесе титула по цели 52 години, но се чини дека големо влијание на неговата одлука ќе има и расплетот на оваа тековна сезона.


Откако во „трејд-зоната" Кавси сменија доста работи, според желбите на Леброн секако, се чини дека тој има далеку поголеми мотиви од оние пред 8. февруари.
Кавс не би имале никаков проблем за да го задржат, иако скоро сигурно ќе ја одбие играчката клаузула и ќе излезе на пазарот.
Тие можат да му понудат максимални 205 милиони долари за следните пет години, што е 50. милиони повеќе од било која друга екипа во лигата.

ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС
Ок, можеби ова е најмалку реалната опција во оние пет, но сепак е пореална од една дека на пример Леброн би можел да оди во Њујорк Никс.
Медиумите во САД измислија и едно такво сценарио, но во историјата на НБА лигата се нема случено токму таков момент. Да има тројца, така неверојатни играчи како Леброн, Кари и Дурент во еден тим.


Сепак, големо прашање е дали Џејмс ќе сака уште еднаш на себе да го навлече гневот на навивачите?
А доколку сакаат да дојдат до него, Вориорс би требало да прават математика според која Дурент одново би морал да се согласи на помала плата, а можеби и поради еден трејд-дил шампионот да ги испрати во Кливленд играчите како Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин, што е исто така помалку за верување.
Ова е само опција, и најмалку реална.

ХЈУСТОН РОКЕТС
Во Тексас би се обединил со стариот пријател Крис Пол, а со себе би можел да го повлече и Двејн Вејд (ако овој не продолжи со Мајами).
Би се формирала една навистина голема тројка Пол-Џејмс-Харден, која секако би им парирала на Вориорс, дури и сериозно да ги загрози во трката за титулата.
Покрај тоа и даночната ситуација во Тексас е многу поразлична во однос на другите сојузни држави во САД, што значи дека максималната плата на Џејмс таму би вредела малку повеќе.


Генералниот менаџер на Рокетс, Дерил Мореј веќе покажа генијалност кога минатото лето го донесе Крис Пол од ЛА Клиперс.
А исто како и со Вориорс овде би било најдобро кога Џејмс би ја активирал последната година со Кливленд, па тогаш, преку размена во која Кавалирс би добиле „пакет" во кој би биле вклучен Андерсон и Гордон.
Само така Рокетс би функционирале без проблеми. Но прашање е дали Кливленд би плаќал „такса на луксуз" поради Леброн или Гордон односно Андерсон?
Одговорот е јасен, но прашањето останува, ако Леброн сака да си замине, тогаш е можно се.

СИНИОТ ДЕЛ ОД ЛОС АНЏЕЛЕС
Да, Клиперси се една од реалните варијанти, иако многу почесто се споменувани нивните соседи – Лејкерси.
Леброн е пријател ос консултантот на Клиперс, Џери Вест, а се знае и какви се работните планови на Џејмс во ЛА, и што би му донело сето тоа. Клиперси би можеле да понудат подобри решенија во однос на Лејкерс, затоа што шест години по ред се во плеј-офот, а го „врзаа" и Лу Вилијамс за наредните три сезони.


Како да се изведе сето тоа?
Деандре Џордан, Остин Риверс и Вес Џонсон би морале да ги одбијат играчките опции за следната сезона, и тогаш Клиперс би можеле да го потпишат Леброн, затоа што ќе се отвори место во „селари-капот" за него.
Но, извесно е дека Риверс и Џонсон веројатно ќе ја „активираат" следната сезона, што работите ги прави комплицирани.
Можеби евентуален трејд на Данило Галинари и неговите 21. милион долари „багажен простор", со уште некои играчи плус би биле решение. Во тој случај Кавси не би морале да плаќаат големи „пенали".

ЛЕЈКЕРСИ?
Долго време ја слушаме оваа приказна, но некако се чини дека од ден на ден станува се помалку реална... Но вреди да се спомене..
Не е тајна дека многу работни цели на леброн се усмерени кон Калифорнија, дека има куќа во ЛА, а уште една причина да дојде таму е дека Лејкерс се единствениот клуб кој може да му вети уште едеnn суперстар ова лето затоа што ќе имаат огромен „простор".


Откако, токму во размената со Кавалирс се ослободија од Џордан Кларксон и Лари Ненс – Јуниор, Лејкерс отвориjа дополнителни 15.милиони долари во тој фамозен селари-кап“.
За следната година имаат само 34.милиони долари кои гарантирано можат да ги дадат за плати. Но без ненормално богатиот договор кој го има Луол Денг, кој веројатно брзо ќе го „решат". Лејкерс можат да му дадат максимален договор на Леброн, но и да донесат уште еден елитен играч покрај него.

 

Најново во Кошарка