НБА

Десeтти трипл-дабл на Харден, Кавси едвај, Вориорс лесно (ВИДЕО)

Џејмс Харден го оствари десеттиот трипл-дабл сезонава за победа на Хјустон на дуелот со Торонто 129:122. Кливленд на гостувањето кај Феникс славеше со 120:116, Голден стејт беше убедлив кај Сакраменто со 117:106. 

објавено: 9 јануари 2017 - 08:37

Џејмс Харден постигна 40 поени, 11 асистенции и 10 скока за десетти трипл-дабл сезонава, а Хјустон славеше на гостувањето кај Торонто со 129:122 за осма победа во низа.

Торонто на двапати, во првата и третата четвртина имаше максимални плус 13, но од 30. минута при 86:73 работите на теренот се променија. Хјустон поведе со 112:110 и до крај не го испушти водството.

Покрај Харден добра игра прикажаа, Херел со 28 поени и Гордон со 19 поени. Кај Торонто за кого ова беше втор пораз во низа, Демар Дерозан имаше 36 поени.

Кошаркарите на Кливленд во одличен меч славеа во Феникс со 120:116 и по поразот на Репторси се зацврстија на првото место во Источната конференција.

Триото Леброн, Ирвинг и Лав постигна 80 поени. Кавси можеа да одиграат подобро во првото полувреме (69:53), но домашниот тим во третата четвртина „експлодира" и израмни на 88:88. Во изедначениот последен период, гостите имаа минимална предност која ја сочуваа до самиот финиш.

Една четвртина беше доволна за Голден стејт да ја обезбеди победата на гостувањето кај Сакраменто (117:106).
Стеф Кари со 30 поени беше најефикасен кај Вориорс, зад него беше Дурент со два поени помалку, додека Томпсон запиша 18 поени.

Резултати: Бруклин - Филаделфија 95:105, Милвоки - Вашингтон 101:107, ЛА Клиперс - Мајами 98:86, Торонто - Хјујстон 122:129, Мемфис - Јута 88:79, Феникс - Кливленд 116:120, Портланд - Детроит 124:125 (прод.), Сакраменто - Голден стејт 106:117, ЛА Лејкерс - Орландо 111:95.

Најново во Кошарка