ГЕРМАНЕЦОТ НЕ ЗАПИРА

ДИРК ЌЕ ГО ПОБЕДИ КОБИ: Ќе ја игра и 21 сезона за Далас!

Славниот Германец и еден од најдобрите европјани кои воопшто играле таква кошарка во НБА лигата, има уште една година од договорот со тимот од Тексас, и се чини дека сака да ја искористи...

објавено: 28 март 2018 - 12:35

Дирк Новицки би можел да биде новиот рекордер во НБА лигата според бројот на одиграни сезони во еден ист клуб.

Неверојатниот Германец има уште една година од актуелниот договор со Далас Маверикс, и се чини дека сака да ја искористи.

Да ја одигра својата 21. сезона во НБА лигата, и сите тие како играч на Далас.

Момент по кој би го урнал рекордот, односно би „излегол" од ко-сопствеништвото на истиот со Коби Брајант кој мина две децении како играч на ЛА Лејкерс.
За Новицки не е проблем тоа што во овој момент екипата е далеку од добра има лош биланс, нема место во плеј-офот.
Едноставно сака да игра уште, но овојпат за тоа сака да се консултира и со своите најблиски, сопругата Џесика, и личниот тренер Гешвинднер.

„Колку што знам јас, планирам да се вратам" - вели Новицки кој на 19. јуни ќе наполни 40. години. „Се чувствувам одлично, пропуштив само еден натпревар во целата сезона. Потпишав двегодишен договор затоа што сакав да играм уште две години, и еве ме, тука сум" - порачува германскиот суперстар.

Најново во Кошарка