КИНГСИ НИШАНАТ ПЛЕЈ-ОФ

ДИВАЦ ПОДГОТВУВА ТРЕЈД: Кантер пристигнува во Сакраменто?

Како што пренесува добро упатениот ЕСПН, во фаза на подготовка е размена во која ќе учествуваат Њујорк Никс од едната и Сакраменто Кингс од другата страна...

објавено: 10 јануари 2019 - 15:00

Според ЕСПН, Кингси би го добиле турскиот центар Енес Кантер, додека во „Големото јаболко" би заминал ветеранот Зек Рејндолф.
И на двајцата играчи им истекнуваат договорните обврски, а во Сакраменто сакаат да се откачат од уште еден играч кој има сличен статус, а кој на лето ќе биде во улога на слободен агент. Но веројатно е дека во целата оваа работа ќе мора да биде вклучена и трета екипа .
Турдскиот центар во оваа сезона како играч на Њујорк во просек реализира по 14.4 поени и 11. скока додека пак Рејндолф не е во ротацијата на Сакраменто, и засега не одигра ниту еден меч за Кингс.

Најново во Кошарка