Сега е дефинитивно, Леброн Џејмс ја потврди одлуката дека договори соработка со славните Лос Анџелес Лејкерс. И како што се наведува двете страни се подготвени да потпишат четиригодишен договор вреден 154.милиони долари.
А меѓу првите кои го „поздравија" овој договор беше и Златан Ибрахимовиќ.
„Сега и Господ и кралот се во Лос Анџелес. Добредојде Леброн" - напиша шведскито фудбалер.
За Леброн Џејмс ова ќе биде првиот клуб од Западната конференција после 15 години верност кон Истокот и екипите на Кливленд односно Мајами.