ДАЛИ Е МОЖНО И ЕДНO ТАКВО СЦЕНАРИО

Дончиќ би можел да заврши кај Клиперс, со Теодосиќ и Марјановиќ?

Многумина го гледаат словенечкиот вундеркинд како прв избор на Феникс Самс, кој од скоро го предводи Игор Кокошков.

објавено: 11 јуни 2018 - 11:00

Но новинарот на "Јаху спортс", Шемс Чарани, пренесува дека не е искоучено од ова лето Дончиќ да биде во дресот на ЛА Клиперс, кои ги имаат 12, односно 13. пик на драфтот.
Тоа практично значи дека клубот од Калифорнија ќе мора да направи добри пресметки, да трејдува неколку играчи, но и да се одрекне од услугите на Тобијас Херис.

Секако се поставува прашњето, колку е реално едно вакво сценарио, според кое најдобриот играч во Евролигата, вклучително и „Фајнал-фор" турнирот во Белград, би стигнал до ЛА.
Секако, треба да с евиди и „планот" на Феникс, но и желбите на Сакраменто Кингс, екипата која ќе бира веднаш зад онаа од Аризона.
Одговор на ова прашање ќе даде драфт-изборот, закажан е за 21.јуни во Бруклин.

 

Најново во Кошарка