СЛОВЕНЕЦОТ НЕ МИРУВА И ЗА БОЖИЌ

Дончиќ е страшен, го почувствуваа тоа и Пеликанс (ВИДЕО)

Далас ја прекина серијата од шест порази со триумф над Њу Орлеанс (122:119)...

објавено: 27 декември 2018 - 08:30

Лука Дончиќ даде три од последните четири слободни фрлања во возбудливата завршница на натпреварот во која Ентони Дејвис не реализира две тројки – прво за водство на својот тим, а потоа и онаа за продолжение.

Дончиќ заврши со 21 поен, а му недостасуваше само еден скок да дојде до трипл-дабл ефект Дополни со десет додавања и девет скока, додека Деандре Џордан го следеше со 20. реализации и 12. скока, а Барнс и Херис со по 16 поени.
Најдобар кај Пеликанс секако беше Дејвис, кој освен 32. скока додаде и 18 .скока. Холидеј даде 25, а Рендл уште 23. поени.
Сан Антонио му одржа лекција од тимска кошарка на Денвер Нагетс (111:103).
Посебно тоа се однесува за последниот дел од играта во кој Денвер влезе со предност од „пола кош", (80:79). Но потоа тргна ураганот во Аламо, серија од (15-0) која гу турна карпите од Колорадо. Ја покрена Италијанецот Марко Белинели, а одлична минијатура имаше и Австриецот Пелтл.

Ниту три тајм-аути не му помогнаа на Мајк Малоун да го сопре налетот на Спарс.
Ги водеше Демар Дерозен со 30. поени (9/14 од игра), и Ламаркус Олдриџ кој запиша три помалку, додека Белинели застана на бројката 12.
Најефикасен кај Нагетс беше Хернангомез со 27.поени и 13. скока, Мајк Бизли уфрли 22, а Морис уште 15.
Во својот карактеристичен стил, силна одбрана, Мемфис дојде до победата над Кливленд (95:86). А како по правило, најдобар кај Гризлис беше Марк Гасол, стрелец на 20.поени, плус и 12 скока и шест додавања. Го следеше Мајк Конли со 15, колку што постигна и Кајл Андерсон.
„Луд натпревар" беше оној во Бруклин кој траеше дури 58.минути, а во кој на крајот Нетс славеа со минимални (134:132) против Хорнетс.

Кошот на одлука го даде Џо Херис. Застана на 27.поени, а далеку најдобар кај „црно-белите" беше Спенсер Динвиди со 37. реализирани поени и 11.асистенции.
Кај Хорнетс, Кемба Вокер уфрли 35, а Џереми Лемб 31.поен.

РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Вашингтон 106:95, Ортландо – Феникс 120:122, Атланта – Индијана 121:129, Бруклин – Шарлот 134:132, Мајами – Торонто 104:106, Чикаго – Минесота 94:119, Мемфис – Кливленд 95:87, Далас – Њу Орлеанс 122:119, Сан Антонио - Денвер 111:103, ЛА Клиперс – Сакраменто 127:118;

Најново во Кошарка