Словенецот е хит во НБА лигата

Дончиќ има повеќе Ол-Стар гласови, отколку што Словенија има жители!

Магијата со која ја освои НБА лигата го прави вториот најпопуларен кошаркар во Западната конференција по Леброн Џејмс.

објавено: 12 јануари 2019 - 15:00

Словенечкиот хит во НБА лигата, неверојатниот Лука Дончиќ ја „запали“ американсата кошаркарска јавност, но и сите НБА фанови на планетава. за само неколку месеци, 19-годишниот кошаркар на Далас има екстремно висока популарност, што се потврдува и со бројот на гласови кои ги собра за учество на Ол-Стар Викендот.

Дончиќ, кој е дебитант во лигата, има 2,22 милиони гласови во трката за место на Ол-стар натпреварот и досега единствено Леброн Џејмс е пред него од кошаркарите на Западот. Словенецот има скоро 200.000 гласови повеќе од Стеф Кари, кој е лидер меѓу бековите, пред Дерик Роуз, Џејмс Харден и Расел Вестбрук.

Можеби најинетресно во целата оваа ситуација е што Словенецот има повеќе гласови отколку што неговата држава има жители. По последното пребројување на гласовите, Дончиќ има 2.220.077 гласови, додека Словенија по официјалните податоци има 2.066.000 жители.

Најново во Кошарка