НОВА БЛЕСКАВА ПАРТИЈА НА СЛОВЕНЕЦОТ

Дончиќ правеше чуда: Го однесе Нуркиќ, ја прошета цела одбрана (ВИДЕО)

Далас на домашен терен го совлада Портланд со минимални 102-101, во центарот на вниманието беше Лука Дончиќ. Словенецот кој мечот го заврши со 29 поени, осум скока и шест асистенции, го имаше потегот на дуелот. На самиот старт изведе атрактивно забивање и тоа преку Јусуф Нуркиќ. 

Дончиќ при 99-99 ги постигна клучните поени за неговиот тим, ја прошета цела одбрана, а потоа поенитраше за 102-99. Тој беше на ниво на задачата токму во последната четвртина која неговиот тим ја доби со 24-9.

објавено: 10 февруари 2019 - 23:50

 

Најново во Кошарка