НБА НОЌ

Дончиќ во „елемент", Далас во серија

Словенечкиот репрезентативец влезе во друштво на славните тинејџери во НБА.

објавено: 12 јануари 2019 - 08:45

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ втор натпревар во низа игра со сјаен учинок, а тоа му донесе и на Далас нов триумф, над Минесота, 119:115, по оној против Феникс пред два дена.

Подвигот на Дончиќ против Минесота се однесуваат за играчи кои во НБА лигата се водат како „тинејџери", со оглед на тоа дека Словенецот има 19 години. Тој постигна 30 поени, шест скока, пет асистенции и имаше три украдени топки, учинок со кој стана седмиот тинејџер во НБА лигата со вакви бројки. Тој е во друштво на Леброн Џејмс и Кевин Дурант.

Победата на Далас сепак остана во сенка на повредата на ветеранот Ј.Ј. Бареа, кој се повреди во последната четвртина од натпреварот. Неофицијалните информации велат дека станува збор за скината Ахилова тетива на десната нога, што би значело и негово отсуство до крајот на сезоната.

РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија- Атланта 121:123
Вашингтон – Милвоки 113:106
Њујорк – Индијана 106:121
Торонто – Бруклин 122:105
Хјустон – Кливленд 141:113
Минесота – Далас 115:119
Портланд – Шарлот 127:96
Јута – Лос Анџелес 113:95
Голден Стејт – Чикаго 146:109

 

Најново во Кошарка