СТЕФ КАРИ ГО СПАСИ ГОЛДЕН СТЕЈТ

„Дожд“ од поени во Далас - во главна улога Кари, Ирвинг се радуше против своите екс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бостон одиграа одличен меч против Кливленд совладуваји го со 102:88. Голден стејт потешко од очекувањата го доби Далас 125:122.

објавено: 4 јануари 2018 - 08:30

Тери Розиер беше главниот играч на Бостон, во триумфот од 102:88 постигна 20 поени. Кајри Ирвинг немаше добра шутерска вечер, против својот некогшен тим постигна 11 поени и 10 скока. На другата страна кај Кливленд, Леброн Џејмс имаше 19 поени, додека Корвер 15.

Со оваа победа, Бостон се зацврсти на првото место на табелата во Источната конференција, каде Кавси се на третото место зад Торонто.

Одлична кошаркарска престава приредија Голден стејт и Далас, на мечот паднаа 247 поени, а победата ја однесе актуелниот шампион. Стеф Кари беше спасителот на Вориорс, постигна тројка на три секунди до крајот и ги постави конечните 125:122.

Кари на крајот мечот го заврши со 32 поени, додека Томпсон и Дурент имаа по 25 поени, а Грин застана на 18 поени и 10 скока.

Резултати: Орландо - Хјустон 98:116, Филаделфија - Сан Антонио 112:106, Вашингтон - Њујорк 121:103, Бруклин - Минесота 98:97, Мајами - Детроит 111:104, Бостон - Кливленд 102:88, Чикаго - Торонто 115:124, Милвоки - Индијана 122:101, Далас - Голден стејт 122:125, Денвер- Феникс 13:111, Јута - Њу Орлеанс 98:108, ЛА Лејкрс - Оклахома 96:133.

Најново во Кошарка