Жестока расправија на поранешните соиграчи

Дурант ги загуби нервите и сакаше да се тепа со Вестбрук (Видео)

Кевин Дурант со Голден Стејт гостуваше во својот поранешен „дом“ во Оклахома и не беше баш добро дочекан на спортски план, бидејќи шампионот убедливо беше поразен

објавено: 23 ноември 2017 - 14:10

Порано беа одличен тандем, сега се големи ривали, кои за малку ќе се степаа на теренот. Кевин Дурант се обиде да го испровоцира Расал Вестбрук, на дуелот кој се играше во Оклахома. 

Домаќините имаа убедливо водство од 73:56, кога во средината на третата четвртина, двете големи ѕвезди беа во дуел. Дурант влезе во вербална расправија со Вестброк, а потоа двајцата се буткаа со главите, но до поголем инцидент не дојде.

На крајот Вестбрук и Оклахома, убедливо со 108:91 го победија шампионот. 

Најново во Кошарка