ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ГОЛДЕН СТЕЈТ

„Дурантулата" се враќа, и тоа брзо

Ол-стар крилото на „воините" брзо се опоравува од повредата на левата нога, и многу извесно ќе патува со тимот на гостувањата во Далас и некогаш „неговата" Оклахома.

објавено: 19 март 2017 - 13:10

Кевин Дурант би можел да се врати на паркетот во текот на наредните недели, иако се очекуваше дека опоравувањето од повредата ќе потрае неколку месеци.

Првата најава за неговото брзо опоравување е таа која вели дека ќе патува со тимот на Голден Стејт Вориорс на наредните две гостувања, во Далас и во некогаш „неговата" Оклахома Сити.
Навистина нема да му биде на располагање на тренерот Стив Кер, но барем ќе дава подршка од клупата за резерви.

„Прво го гледав како лежи, па како седи и шутира, а сега веќе шутира од скок. Сето тоа значи дека одлично се опоравува, и дека наскоро ќе ни се приклучи во полн погон" - откри шефот на стручниот штаб на екипата од Северна Калифорнија, Стив Кер.

Откако на 28. февруари Дурант доживеа повреда на левото колено и потколеницата, на девет натпревари неговиот тим забележа дури пет порази. И станува сосема јасно дека на „воините" им недостасува неговата „острина" во нападот која ја креира скоро при секој допир со топката.
Неговите загарантирани 20 плус кај поените, и половина од тоа кај скокачките активности многу значат. И јасно е дека и неговата, но и целта на екипата е да се врати во тимот пред почетокот на плеј-офот.

 

Најново во Кошарка