ПРВ ТРИУМФ ЗА ГОЛДЕН СТЕЈТ

Дурент ја спушти „рампата“, делеше „банани“ против Пеликанс (ВИДЕО)

По несреќниот пораз на отварањето на новата сезона во НБА-лигата, Голден стејт се израдува на првиот триумф, откако на гостувањето кај Њу Орлеанс славеше со 128:120.

објавено: 21 октомври 2017 - 09:00

По несреќниот пораз на отварањето на новата сезона во НБА-лигата, Голден стејт се израдува на првиот триумф, откако на гостувањето кај Њу Орлеанс славеше со 128:120. Кевин Дурент заедно со Клеј Томпсон и Стеф Кари беа најзаслужни за победата на шампионот, и тоа не само по бројот на поени. Покрај тоа што постигна 22 поени, имаше седум скока и една асистенција, КД забележа и седум блокади, што пак е негов рекорд.

Томпсон мечот го заврши со 31 поен и беше прво име, додека Стеф Кари броеше до 8 поени. На другата страна ДеМаркус Казинс и Ентони Дејвис имаа по 35 поени.


Резултати: Шарлот - Атлната 109:91, Индијана - Портланд 96:114, Милвоки - Кливленд 97:116, Филаделфија - Бостон 92:102, Вашингтон - Детроит 115:111, Бруклин - Орландо 126:121, Минесота - Јута 100:97, Далас - Сакраменти 88:93, Њу Орлеанс - Голден стејт 120:128, Феникс - ЛА Лејкерс 130:132.

Најново во Кошарка