КОЈ БИ ПОБЕГНАЛ ОД ШАМПИОНСКИ ТИМ

ДУРЕНТ: Ќе останам со Вориорс, само да ги договориме уште оние ситни детали

Крилото на Голден Стејт, Кевин Дурент за ЕСПН откри дека ова лето ќе потпише нов договор со клубот од Оукленд...

објавено: 8 јуни 2018 - 22:20

Крилото на Голден Стејт, Кевин Дурент за ЕСПН откри дека ова лето ќе потпише нов договор со клубот од Оукленд...

„Планирам да останам со Вориорс, а како ќе биде сето тоа веќе ќе смислиме нешто"- потврдува „Кеј-Ди", со забелешка дека останува само да се „поминат" уште две страници од договореното, кои се вистински ситници, како што вели.

Претходно беше пренесена информацијата дека 29. годишниот кошаркар нема да ја искористи опцијата од својот актуелен договор, и дека за 26.3 милиони долари ќе ја продолжи соработката со Голден Стејт.
Затоа, сега се очекува новиот договор на искусното крило да му донесе далеку поголема заработка.
Минатата сезона Дурент потпиша договор вреден 51.3 милиони долари, а финансиските отстапки кои ги направи „КД" помогнаа франшизата од Калифорнија да ги задржи во тимот Андре Игудала и Шон Ливингстон

Најново во Кошарка