НЕ Е САМО ШПЕКУЛАЦИИ ТУКУ И СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ

ДУРЕНТ: Леброн во Голден Стејт, дајте, немојте да се зафркавате!

На неверојатната шпекулација на ЕСПН според која првиот играч на Кливленд во иднина би преминал во редовите на најголемиот ривал, еден од најдобрите кај првакот вели дека такви работи не дозволуваат коментари

објавено: 2 февруари 2018 - 18:00

„Леброн Џејмс во Голден Стејт"

Наслов на „филмот" кој сака(ат) да го режираат луѓето во ЕСПН во наредниот период.
Вест која заинтригира многу луѓе во светот на НБА лигата, а добар дел од нив веќе го обвинија ЕСПН за сензационализам
Еден од оние кои исто така не поверуваа во насловот „Леброн во ГС" е и еден од најдобрите кошаркари на шампионот, Кевин Дурент.

„Зафрканција, тоа е зафрканција... Пред неколку години никој не можеше да помисли дека јас би дошол во Голден Стејт Но тоа е мојот дел, како кошаркар. Ние се држиме до кошарка, но исто така, ова е бизнис, а откако сум јас во НБА лигата се случуваат разни, луди работи.
Во иднина можеби ќе се случат уште полуди. И искрено, повеќе би сакал луѓето да говорат за она што се случува на теренот. Знаете, не е интересно кога ќе вклучите ТВ и слушате нешто за кошарката, се помалку е за самиот натпревар. Како искрен фан на кошарката, како играч, мслам дека тоа е жално" - вели „Дурантула" кој и самиот предвизвика голема сензација со преминот од Оклахома во Оукленд во летото 2016 година.

Најново во Кошарка