НЕМА ДИЛЕМИ КАЈ НАЈКОРИСНИОТ ИГРАЧ НА ФИНАЛЕТО НА НБА

ДУРЕНТ: Повеќе звезди во еден тим, зошто да не?

Со одлуката да потпише нов договор за помалку пари, КД потврди дека сака силен Голден Стејт и нови титули...

објавено: 11 август 2017 - 12:00

Кевин Дурент го реализира својот сон. Стигна до титулата во НБА лигата. Но не сака да застане само на тој еден шампионски прстен. Популарниот „КД" сака уште повеќе, па дури и по цена да зема помала плата од досегашната.

Иако за себе можеше да обезбеди максимални 34.милиони долари на годишно ниво, во новата сезона ќе игра само за 25.9 милиони, помалку и во однос на ланската.

„Јас сум паметно момче и сакам да го продолжиме она што го започнавме. Игудала, Ливингстон, Кари, сите тие треба да добијат најмногу можни пари. Тоа го заслужуваат затоа што беа платени под реалната вредност" - изјави Дурент
„Затоа и го направив тоа. Сакав да го сочувам тимот и да им помогнам на сопствениците да успеат да ги задржат сите играчи. Мои пари, моја одлука, во таа смисла можам да правам што сакам".

Дурент дополнува дека овој негов потег е критикуван само поради тоа што во прашање е лично тој, но и Вориорс.

„Во овој момент, луѓето сакаат да мразат се што ние работиме, а многу играчи земаа помалку пари. Учев од Тим Данкан и Дирк Новицки, околу тоа како таквите потези им помогнаа во кариерата. Помислив дека и јас би можел да го направам истото, зошто не би се жртвувал за тоа. Луѓето сакаа парите да нè раздвојат, но јас не сакав да го допуштам тоа да се случи".

Следната сезона, се чини, Западот ќе биде уште посилен. Крисл Пол дојде во Хјустон, ќе игра заедно со Џејмс Харден. Минесота го зема Џими Батлер, а Пол Џорџ продолжува во Оклахома Сити.

„Многумина генерални менаџери превземаат ризик, и тоа мора да се почитува. Претходно беа помалку конзервативни. Се обидуваа да заштедат пари и да 'градат' преку драфтот. Но сега тимовите не се задоволуваат само со тоа – сакаат победи, и ги сакаат веднаш"- смета „Дурантула".

„НБА е сјајна лига и сите сакаат да ги видат најдобрите играчи на највисокиот пиедестал. Зшто сите најдобри играчи да не бидат во неколку тимови? Зошто да не го видиме тоа?Тоа е суштината на лигата која се потпира на звездите, тогапш и звездите би требало да ја диктираа насоката по која ќе оди лигата. Тогаш и наредната генерација на звезди треба да го прави тоа".

Минатата сезона Дурент го освои својот прв шампионски прстен, беше МВП на финалето во кое Голден Стејт го прегази Кливленд со резултат 4-1.

 

Најново во Кошарка