НБА

Дурент се врати со дабл-дабл, Голден стејт убедлив (ВИДЕО)

Голден стејт на домашен терен убедливо го совлада Њу Орлеанс со 123:101. Сан Антонио на домашен терен беше совладан од ЛА Клиперс со 98:87.

објавено: 9 април 2017 - 08:55

Голден стејт на домашен терен убедливо го совлада Њу Орлеанс со 123:101. По долго време на теренот се врати, Кевин Дурент, по повредата на коленото со која се здоби во март. Ѕвездата на Голден стејт мечот го заврши со дабл-дабл од 16 поени и десет скока.

Вориорс натпреварот го добија во третата четвртина, кога поведоа со 25 поени (93:68), а до крајот водството лесно го сочуваа.

Клеј Томпсон беше најефикасен кај домашниот тим со 21 поен, Кларк имаше 17 поени, додека Стеф Кари го прескокна овој дуел, поради проблеми со коленото. Неговиот кам-бек се очекува следниот натпревар. Во редовите на Њу Орлеанс, Кук имаше 22 поени.

Кошаркарите на ЛА Клиперс го совладаа Сан Антонио на гостински терен со 98:87. Крис Пол со 19 поени, осум скока и осум асистенции беше најдобар кај гостите, додека Леонард со 28 поени беше прво име кај Спарси.

Резултати: Шарлот 114:121, Орландо - Индијана 112:127, Филаделфија - Милвоки 82:90, Вашингтон - Мајами 103:106, Сан Антонио - ЛА Клиперс 87:98, Портланд - Јута 101:86, Голден стејт - Њу Орлеанс 123:101.

Најново во Кошарка