ИАКО ОДИГРА ДОБАР МЕЧ ВО БОСТОН

Џеди сакаше атракција, но се „пријави" во емисијата кај Шек (ВИДЕО)

Новиот стартер на Кливленд имаше чиста ситуација за поентирање, истрча само во контра, ја заби топката, но таа не влезе во кошот...

објавено: 12 февруари 2018 - 12:00

Би се рекло сосема непотребно, и тоа од страна на Џеди Осман.

Еден од најмладите кошаркари во реновираниот состав на Кливленд Кавалирс, имаше еден доста смешен момент во текот на средбата со Бостон Селтикс.

Откако освои една топка, тргна сам кон противничкиот кош, се обиде да забие атрактивно. Но неговиот обид „остана на обрачот", топката одлета далеку, на несреќа на момчето родено во Охрид, а ја игра својата деби сезона во НБА лигата.
Со тоа, како што забележаа коментаторите, се „пријави" во се популарната серија на Шекил ОНил, „Шектин А фул".
Тоа неуспешно забивање пак беше една од ретките лоши работи на Кавс во дуелот одигран во „ТД Гарден“ во Бостон кој го решија во своја корист со убедливи (121:99).

Најново во Кошарка