ОДБРАНИ СТАРТНИТЕ ПЕТОРКИ ЗА ОЛ-СТАРОТ

Џејмс и Кари се капитените, Џоел Ембид е изненадувањето на вечерта!

Леброн Џејмс на Истокот и Стеф Кари на Западот, добија најмногу гласови и овој феноменален двоец кој споре новиоте измени кои ги подготви НБА лигата, ќе ги формираат тимовите за претстојниот собир на сите ѕвезди кој е закажан за 18 февруари во Лос Анџелес.

објавено: 19 јануари 2018 - 08:30

Леброн Џејмс на источната и Стеф Кари на западната страна, се најпопуларните играчи во овој момент во НБА лигата.

Силното крило на Кливленд собр анајмногу гласови на Истокот, а бекот на Голден Стејт на Западот, па согласно со изменетиот систем кој од оваа сезона ќе го применува менаџментот на НБА лигата, ќе се нaјдат во улога на капитени.
На посебно ТВ шоу на ТНТ телевизијата, синоќа беа објавени и стартните петорки за претстојниот Ол-стар викенд, односно оној традиционален дуел на Истокот и Западот.

Покрај „Кралот", во идеалната, односно стартна петорка на Истокот за прв пат во својата куса кариера во НБА се најде сензацијата од Филаделфија, Џоел Ембид, потоа грчкото чудо од Милвоки Бакс, Јанис Адетокумпо, како и бекот на Бостон, Кајри Ирвинг, како и оној на Торонто, Демар Дерозен.
„Тимот на Кари" кој на 18. февруари ќе се појави на паркетот на „Стејплс Центарот" во Лос Анџелес е составен од неговиот тимски колега, Кевин Дурент, потоа двоецот од Њу Орлеанс, Демаркус Казинс-Ентони Дејвис, плус неверојатниот бек на Хјустон, Џејмс Харден.
Останатите 14.кошаркари, односно резерви во овој 67. По ред собир на сите звезди во НБА лигата, ќе ги бираат тренерите, а ќе бидат познати на 23. јануари на друго ТВ-шоу.
Комплетните ростери ќе бидат затворени на 25.јануари во едночасовна едиција на ТНТ.
Инаку во оние вкупни бројки Леброн Џејмс беше најдобар, освои дури 2.638.294 гласа, пред Јанис Адетокумпо кој имаше 2.530.211, додека трет на листата на гласачи севкупно беше Стеф Кари со 2.379.494.
Во првите пет се уште Кевин Дурент со 2.238.406 гласови односно Кајри Ирвинг кој собра 2.170.833 гласа.

Најново во Кошарка