РОКЕТСИ ГИ СОПРЕА БЛЕЈЗЕРСИ

Експлозија на Харден во „Мода Центар“, Портланд на колена (ВИДЕО)

Кошаркарите на Хјустон го совладаа Портланд на гостински терен со 115:111 и ставија крај на серијата од 13 победи во низа.

објавено: 21 март 2018 - 09:00

Во центарот на вниманието беше Џејмс Харден кој пружи нова фанстатична партија. Најсериозниот кандидат за најкорисен играч оваа сезона постигна 42 поени, седум асистенции и шест скока. Зад него беше Крис Пол со 22 поени, осум скока и шест асистенции, додека Ерик Гордон имаше 18 поени. На другата страна Фарук Амини имаше 22 поени, додека Нуркиќ забележа дабл-дабл од 21 поен и 11 скока.

За Хјустон ова беше шеста победа во низа, вкупна 56. и со 14 порази го држи првото место во Западната конференција, каде на второто место е Голден Стејт, додека Портланд е на третата позација.

Резултати: Орландо - Торонто 86:93, Бостон - Оклахома 100:99, Минесота - ЛА Клиперс 123:109, Њу Орлеанс - Далас 115:105, Јута - Атланта 94:99, Феникс - Детроит 88:115, Портланд - Хјустон 111:115.

Најново во Кошарка