Филаделфија подобра од второпласираниот состав на Истокот

Ембид играше симултанка против Торонто

Џоел Ембид одигра симултанка против Торонто и со 34 поени и девет скокови беше нерешлива енигма за одбраната на Репторс во триумфот од 117:111

објавено: 15 јануари 2018 - 22:00

Џоел Ембид одигра симултанка против Торонто и со 34 поени и девет скокови беше нерешлива енигма за одбраната на Репторс во триумфот од 117:111.

Програмата во НБА лигата вечерва почна порано, а центарот на Филаделфија беше незадржлив и со 34 поени убедливо најдобар стрелец на дербито на Истокот.

На спротивната страна очекувано Демар ДеРозан беше најефикасен со 24 поени.

Претходно Шарлот со 118:107 го победи Детроит.

Најново во Кошарка