Словенецот е веќе е хит во НБА лигата

ЕСПН го стaви Дончиќ на 63. место од најдобрите 100 кошаркари!

Според „ЕСПН", поранешниот член на Реал Мадрид, кој уште не одиграл ниту една минута на терените во САД, е еден од најдобрите 100 играчи во пресрет на новата сезона.

објавено: 19 септември 2018 - 18:00

Поточно, 19. годишниот Словенец се најде на 63. место пред кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Дежонте Мареј, а зад минатогодишниот втор пик на драфтот, Лонзо Бол од ЛА Лејкерс.

„Првиот фаворит за „руки" на годината Лука Дончиќ и најподготвениот кошаркар за НБА лигата од класата од 2018 година се очекува да биде блиску до „трипл-дабл" просек во дресот на Далас. Покрај ДеАндре Џордан и шутерите во својот состав, Словенецот би можел да биде лидер по бројот на асистенции меѓу новаците во лигата. На свои 19 години, тој треба да му помогне на Далас да победи на повеќе натпревари од минатата сезона"- објаснуваат од „ЕСПН".

 

Најново во Кошарка