Можеби се и повеќе, но...

ЕСПН НАЈАВУВА: Седум опции за „Кралот"

Во паузата помеѓу двете сезони во НБА, Леброн Џејмс ќе преговара дури со седум тимои, пренесува добро информираниот новинар на ЕСПН, Стефан Смит...

објавено: 11 јуни 2018 - 22:30

Од 1. Јули Леброн Џејмс и официјално ќе стане „слободен агент", затоа што му истекнува актуелниот договор кој го има со екипата на Кливленд Кавалирс.

Една од многуте опции е „кралот Џејмс" да го продолжи договорот со Кавс, со кои неодамна го загуби и третото финале во последните четири сезони против Голден Стејт.
А како што најавува познатиот новинар на ЕСПН, Стефан А. Смит, Леброн дури би можел да разговара со новиот-стар шампион во НБА.
Како можни решенија ЕСПН ги наведува и Филаделфија, Бостон, ЛА Лејкерс,Хјустон, а како најнова опција сега се потенцира и евентуално негово враќање во Мајами.

 

Најново во Кошарка