СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ ЗА „ПРОЕКТИРАНИОТ“ ВТОР ПИК НА НБА ДРАФТОТ

ФБИ ГИ ПРИСЛУШКУВАЛ ТЕЛЕФОНИТЕ: Аризона незаконски нудела пари!

Според ЕСПН, тренерот на познатиот НЦАА тим Шон Милер дал ветување на младата средношколска ѕвезда Диандре Ејтон 100.000 долари доколку одлучи кариерата да ја продолжи кај „Вајлдкетс"..

објавено: 24 февруари 2018 - 22:05

Диандре Ејтон и Аризона се во центарот на вниманието на кошаркарската јавност во Америка.

Мпадиот, 19.годишен центар од Бахамите, минатото лето објави дека кариерата ќе ја продолжи на колеџот во Аризона.
На спортските ѕвезди кои настапуват за американските универзитети не им е дозволено да примаат никакви пари, па ветувањето вредно 100.000 долари за избор на универзитет, претставува голем скандал во САД.

Тренерот Шон Милер бил во контакт со Кристијан Докинс, вработен во агенцијата АСМ Спортс, кој го застапува овој 216 сантиметри висок и суперталентиран центар, а токму преку Докинс, ФБИ успеал да дојде до 3.000 часови на аудио-снимки од телефонски разговори.

Тренерот Милер, кој ја турка 50 година од животот, работи со голем успех во Аризона уште од 2009 година.
Останува да се види дали овие наводи се точни, и кои ќе бидат последиците со кои ќе се сретнат челниците на „дивите мачки", но и самиот Ејтон.
По мислењето на американскиот новинар, Џонатан Џивони, кој е специјализиран за предвидувања на позициите на кои ќе се најдат играчите на НБА драфтот 2018, Диандре Ејтон би требало да биде втор пик на драфтот ова лето (зад Словенецот Лука Дончиќ).
Некогашниот бек на Аризона Вајлдкејтс, а денеска 40.годишен НБА ветеран, Џејсон Тери се јави преку Твитер и го советуваше раководството на Аризона „да ја исчисти својта куќа".

 

Најново во Кошарка