САНС СО НАЈМНОГУ СРЕЌА

ФЕНИКС ЌЕ БИРА ПРВ НА ДРАФТОТ: Дончиќ или Ејтон?

Ноќеска беше одржана драфт лотаријата за изборот на пиковите на НБА драфтот во јуни.

објавено: 16 мај 2018 - 10:00

Најлошиот тим во оваа тековна сезона во НБА лигата, Фенкс Санс ќе го бира првиот пик на овогодинешниот драфт.

Во тековната сезона Санси остварија ефект од 21. победа и 61.пораз, затоа и имаа најголеми шанси да бидат на првото место на лотаријата.

Веќе четврта година по ред се случува со тоа тимот со најголеми шанси на крајот и да биде прв на лотаријата.
А тимот од Аризона ќе може да бира помеѓу најталентираниот европски кошаркар Лука Дончиќ и центарот на Аризона Диандре Ејтон.
Вториот пик на драфтот ќе го бираат Сакраменто Кингс, клуб кој веќе десетта години а по ред имаат пик во првите десет.
Третото место и припадна на Атланта Хоукс, следуваат Мемфис, Далас, Орландо, Чикаго...

 

Најново во Кошарка