И ОСМА ГОДИНА ПО РЕД...

ФИНАЛНА ПРОГНОЗА НА ЕСПН: Леброн ќе биде најдобриот во новата сезона!

Новиот кошаркар на ЛА Лејкерс ќе биде најдобриот во НБА лигата во престојната сезона, сметаат стручните лица од овој ТВ концерн.

објавено: 22 септември 2018 - 08:30

Веќе осма сезона по ред, ЕСПН прави листа – односно прогноза во коај се бира онака, во најава, кој ќе биде најдобриот играч во претстојната сезона во НБА лигата.

И осум пати по ред, број 1 за ЕСПН е никој друг туку - Леброн Џејмс.
За новиот кошаркар на ЛА Лејкерс, се наведува дека и покрај тоа што не бил МВП уште од 2013 година, со игрите кои ги прикажува во плеј-офот е некоја "друга приказна", и дека единсвено што би можело да делува негативно на него се годините- вкупно 34.

Зад „Кралот Џејмс, се наоѓа плејмејкерот на Голден Стејт, Стеф Кари, следува Џејмс Харден од Хјустон, како лански МВП на регуларниот дел, па соиграчот на Кари од Вориорс, Кевин Дурент, кој ја дели четвртата позиција со Гркот од Милвоки Бакс, Јанис Адетокумпо.

На шестото место е центарот на Њу Орлеанс Ентони Дејвис, седми е Расел Вестбрук од Оклахома, па новиот играч на Торонто Репторс, Каваи Ленард, додека топ 10 листата ја затвораат Џоел Ембид (Филадефија), односно Демиен Лилард, најдобриот играч на Портланд.
Дали ќе биде според прогнозите на ЕСПН, ќе почне да станува се појасно веќе од 17. октомври, кога стартува новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот.

Најново во Кошарка