САН АНТОНИО СО ПОБЕДА ТРГНА ВО НОВАТА СЕЗОНА

Ги нема Ленард и Паркер, но затоа тука е Олдриџ: Дабл-дабл за почеток (ВИДЕО)

Сан Антонио со победа ја отвори новата сезона, откако ја совлада Минесота со 107:99. Хјустон ја забележа втората победа во низа, на гостувањето кај Сакраменто славеше со 105:100. 

објавено: 19 октомври 2017 - 08:30

Само неколку дена откако го продолжи договорот со Сан Антонио, ЛаМаркус Олдриџ на дело покажа дека челниците на клубот воопшто не погрешија во својата одлука да му понудат нов договор на својот кошаркар. Со дабл-дабл од 25 поени и 10 скока го предводеше Сан Антонио до победа над Минесота од 107-99.

Спарси на отварањето на новата сезона во составот поради повреди ги немаа Кавај Ленард и Тони Паркер, но затоа го имаа расположениот Олдриџ, кој заедно со Ману Џинобили кон крајот на мечот постигнаа важни со кои ја потврдија победата на Сан Антонио. Покрај нив добра партија пружи и Дени Грин, кој запиша 18 поени.  

Џејмс Харден со 27 поени и 9 асистенции се погрижи за перфектен старт на Хјустон, кој ја забележа втората победа во низа, овој пат на гостувањето кај Сакраменто (100-105).
Благодарение на расположениот Харден и неговите тројки, Рокетси на 5:13 минути до крајот имаа водство од 89-79, а потоа во клучните моменти, ѕвездата на Хјустон ја имаше најважната асистенција.

Резултати: Детроит - Шарлот 102:90. Индијана - Бруклин 140:131, Орландо - Мајами 116:109, Вашингтон - Филаделфија 120:115, Бостон - Милвоки 100:108, Мемфис - Њу Орленас 103:91, Далас - Атланта 111:117, Јута - Денвер 106:96, Сан Антонио - Минесота 107:99, Феникс - Портланд 76:124, Сакраменто - Хјустон 100:105.

 

 

Најново во Кошарка