КАКВИ СЕ ОВИЕ БИЛЕТИ

Гледај го Голден Стејт за 100 долари ама на ТВ

Голден Стејт во последните неколку сезони нудат доста интересни понуди за оние кои сакаат да ги гледаат Дурент, Кари, Томпсон и останатите момци. 

објавено: 13 ноември 2018 - 21:58

Од таборот на актуелниот НБА-шампион имаат интересна понуда, за 100 долари можете да ги гледате Дурент, Кари, Томпсон, но не од трибини. Оние кои ќе се одлучат да купат ваков билет мечот ќе можат да го гледаат пред тв-екраните кои се во другите делови на „Оракл Арената“, истовремено ќе можат да уживаат во рестораните и продавниците, но секако за тоа ќе мора да платат дополнително.

Додека за многумина овој потег е безобрзен, за други пак е одлична идеја, бидејќи од следната сезона Голден Стејт ќе игра во Сан Фрациско. 

Ако земе во предвид дека 44.000 луѓе во моментов се на листата на чекање за годишни билети, во тој случај овие пропусници се добро решение за вистинските поддржувачи на Вориорс. 

 

Најново во Кошарка