ШАМПИОНОТ ИМ СЕ РЕВАНШИРАШЕ НА КАВСИ

Голден стејт без Кари го победи Кливленд

Големото дерби во НБА-лигата меѓу Голден Стејт и Кливленд заврши со победа на актуелниот шампион, кој без помошта на својата прва ѕвезда, Стеф Кари славеше со 99-92. 

објавено: 25 декември 2017 - 23:37

Голден Стејт и Кливленд им приредија вистинска божиќна забава на своите фанови. Одиграа одлично интересен натпревар со возбудлива завршница која му припадна на бранителот на шампионскиот прстен, кој славеше со 99-92. Победата на Вориорс е уште поголема ако се земе во предвид дека до неа дојдоа без помошта на првата ѕвезда Стеф Кари, кој поради повредата и натаму е надвор од терените.

Голден стејт во голем дел од мечот го имаше водството, но кога се чинеше дека лесно ќе дојде до првиот триумф сезонава во пресметките со Кливленд, гостите се доближија на 95:92, но не искористија два напади за изедначување. Томпсон кој претходно погоди важни поени од линијата за слободни фрлања зголеми на 97:92 и стави крај на сите дилеми.

Кевин Дурент со 25 поени и 7 скока беше најефикасен, зад него беше Клеј Томпсон со 24 поени. На другата страна Леброн Џејмс имаше 20 поени, додека Кевин Лав 31.

 

Најново во Кошарка