НБА

Голден стејт лесно без Дурент, Кливленд тешко без Леброн (ВИДЕО)

Голден стејт го надиграа Бруклин со 112:95 и покрај отсуството на Кевин Дурен. Кливленд пак не успеа да се снајде без Леброн Џејмс, на домашен терен беше совладан од Чикаго со 117:99.

објавено: 26 февруари 2017 - 09:25

Голден Стејт предводен од Стеф Кари и неговите 27 поени на домашен терен го совлада Бруклин со 112:95 и официјално обезбеди место во плеј-офот. Клеј Томпсон беше втор стрелец во редовите на својот тим со 24 поени. Кај Бруклин Холис-Џеферсон имаше 16 поени и десет скока.

Кливленд повторно виде дека не може да игра без Леброн Џејмс. Кавси беа немоќни против Чикаго, на домашен терен загубија со 117:99. Џими Батлер со трипл-дабл од 18 поени, 10 скока и 15 асистенции ги предводеше гостите. На другата страна Ирвинг имаше 34 поени и девет скока.

Резултати: Орландо - Атланта 105:86, Њујорк - Филаделфија 110:109, Мајами - Индијана 113:95, Кливленд - Чикаго 99:117, Далас - Њу Орлеанс 96:83, Хјустон - Минесота 142:130, Голден стејт - Бруклин 112:95.

Најново во Кошарка