НЕ БАШ ДОБРИ ВЕСТИ ЗА БОСТОН СЕЛТИКС

Гордон Хејворд оваа сезона нема да игра! (ВИДЕО)

Тренерот на „келтите" Бред Стивенс потврди дека не постојат шанси дека до крајот на оваа сезона крилниот играч да се врати во тимот од Масачусетс...

објавено: 4 март 2018 - 11:00

Гордон Хејворд нема да игра во оваа сезона за Бостон Селтикс. Иако во последно време кружеа информации дека би можел да се врати на теренот, сепак 27.годишното крило ќе остане на „боледување" до крајот на сезоната.

Тоа го потврди и тренерот на Бостон Бред Стивенс.

„Не, тој нема да игра оваа сезона. Не знам што друго да кажам"-рече Стивенс.

Се огласии самиот Хејворд, кој побара само трпение.

„Трпение-тоа е една цел"- напиша малерозниот кошаркар кој ќе го памети целиот свој живот оној прв меч во униформата на Бостон Селтикс, на кој се здоби со ужасна повреда која и го одвои од паркетот во целата оваа сезона.

 

Најново во Кошарка