ХЈУСТОН ПОМИНА И НИЗ ДЕНВЕР

Харден „лета" без лимити

Џејмс Харден го оствари 19. трипл-дабл во сезоната. Четвртти по ред, а седми со најмалку од 40. поени...

објавено: 19 март 2017 - 09:05

Нема застанување за Џејмс Харден и за Хјустон. „Ракетите" и дефинитивно работат на погон на неверојатниот бек попознат како „Брадата". Се потврди тоа и на гостувањето во Денвер, каде во возбудлива завршница тимот од Тексас беше подобар за четири поени (109:105).
Џејмс Харден го оствари 19. трипл-дабл во сезоната. Четвртти по ред, а седми со најмалку од 40. поени. Сега уфрли точно 40 (11/23 од игра и 15/17 од линијата за слободни фрлања), плус по десет скока, исто толку асистенции, но и осум загубени топки.
Затоа пак на Расел Вестбрук му недостасуваа само два скока да ја продолжи својата неверојатна низа на тројни ефекти. Во победата на Оклахома против Сакраменто (110:94).
Се беше решено по две четвртини по кои Тандер поведе со (63:41), но Вестбрук тргна во потера по петтиот по ред трипл-дабл скор. Но остана пократок за тие два скока. Забележа 28. поени (9/20 во шутот од игра), 10.асистенции. Но и четири освоени и дури седум сагубени.
Во другиот дел од вечерта, Мемфис го доби Сан Антонио, а Кавалирс беа немоќни без Ирвинг и Џејмс, Чикаго е надева на плеј-оф, сеуште...
Мајк Конли ги водеше „Гризлис" до триумфот против одличниот состав на Спарс (104:96) со 19. поени (5/12 од игра), 7.скокови и 6.асистенции. Зек Рејндолф уфрли 18. поени (7/12 од поле), а Марк Гасол два помадли со полоша реализациај од дистанца, само 6/14, со уште 7.асистенции и 5. скока.
Кај Спарси, кои ретко губат двапати по ред, Каваи Ленард финишираше со 22. поени (6/15 од игра), а Ламаркус Олдриџ уште 21 (9/18 од игра), 9. скока и 4.асистенции.
Тренерот на Кливленд, Тајрон Лу се реши да им даде мал одмор на Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг, па тој момент максимално го искористија кошаркарите на ЛА Клиперс кои дојдоа до плус 30 (108:78).
Блејк Грифин оствари ефект од 23. поени, 8.скокови и 4.асистенции, додека по 13 дадоа Крафорд и Џордан. Интересно Крис Пол ги утна сите осум шутеви од игра и заврши со седум асистенции, пет поени и четири скока.
Кај Кливленд, Ричард Џеферсон имаше 12. поени и 6.скока, по 11 дојдоа од Дерон Вилијамс и Тристан Томпсон, а по десет од Фрај, Шамперт и Џеј-Ар Смит.
Во последниот меч на вечерта, Голден стејт беше сигурен против Милвоки (117:92).
А доста работи беа понати уште по првиот квотер кој Вориорс го добија со (36:15).
Најдобар беше Стеф Кари кој погоди 9 до 13 путс од поле за 28. поени, а имаше и по четири скок и асистенции во три четвртини поминати во игра (не играше во последната). Го следеше, веќе вообичаено, Клеј Томпсон со 21. поен (9/16 од игра), додека пак Андре Игудала имаше уште 15.
На другата страна, Гркот Јанис Адетокумпо беше сведен на само девет поени (4/14 од игра), а изненадувачки, најефикасен играч на Бакс беше Малком Брогдон со 18. поени.
РЕЗУЛТАТИ
Оклахома – Сакраменто 110:94, Атланта – Портланд 97:113, Шарлот – Вашингтон 98:93, ЛА Клиперс – Кливлендд 108:78, Чикаго – Јута 95:86, Мемфис – Сан Антонио 104:96, Денвер – Хјустон 105:109, Г. Стејт – Милвоки 117:92

Најново во Кошарка