ТАНДЕРСИ ПО ПРЕСВРТ ДО ПОБЕДА

Харден во сенка на рекордерот Вестбрук и моќниот Џорџ (ВИДЕО)

Оклахома го совлада Хјустон со 117-112 во спектакуларна пресметка. 

објавено: 10 февруари 2019 - 08:30

Вистински трилер во Тексас, со среќен крај за Оклахома. Хјустон успеа да прокоцка позитива од 26 поени. Втората четвртина ја доби со 19 поени разлика, но потоа следеше голем пресврт, Тандерси блескаа, предводени од своите ѕвезди Пол Џорџ и Расел Вестбрук дојдоа на 42-40.

Вестбрук забележа трипл-дабл, деветти во низа и го изедначи рекордот на Вилт Чембрлејн, постигна 21 поен, 12 скока и 11 асистенции. Џорџ застана на 45 поени и 11 скока.

На другата страна Харден пак броеше до 42 поени, ова 29-те меч на кој ја минува бројката од 30 поени.

Оклахома и натаму е на третото место на табелата во Западната конференција, додека пак Хјустон е две места поделу.

Резултати: Индијана – Кливленд 105:90, Атланта – Шарлот 120:129, Њуојрк – Торонто 99:104, Бостон – ЛА Клиперс 112:123, Чикаго – Вашингтон 125:134, Мемфис – Њу Орлеанс 99:90, Хјустон – Оклахома 112:117, Милвоки – Орландо 83:103.

Најново во Кошарка