РОКЕТСИ ЗА ЈА ЗАБЕЛЕЖАА 11. ПОБЕДА ВО НИЗА

Хјустон продолжува да гази, Леброн со 11. трипл-дабл

Хјустон ја продолжи победничката серија, на домашен терен ја совлада Минесота со 120:102. Кливленд на гостувањето кај Мемфис се врати во ритам. 

објавено: 24 февруари 2018 - 08:00

Хјустон ја забележеа 11. победа во низа, вкупно 45 сезонава, откако на домашен терен ја совлада Минесота со 120:102. Прво име во редовите на Рокетси беше Џејмс Харден со 31 поен и девет асистенции, додека Капела имаше дабл-дабл од 25 поени и 11 скока. Пол Џорџ беше близу до трипл-дабл од 14 поени, 10 скока и осум асистенции. 

Хјустон и натаму е лидер во Западната конференција, има еден пораз помалку од второтопласираниот Голден Стејт.

По поразот во минатото коло на домашен терен, Кливленд експресно се врати на победите, на гостувањето кај Мемфис славеше со 112:89. Леброн Џејмс на овој меч стигна до 11. Трипл-дабл сезонава, постигна 18 поени, 14 скока и 11 асистенции.

Од фаворитите Бостон беше подобар од Детроит со 110:98 благодарение на Кајри Ирвинг и неговите 18 поени, пет скока и шест асистенции.

Резултати: Детроит – Бостон 98:110, Индијана – Атланта 116:93, Вашингтон – Шарлот 105:122, Торонто – Милвоки 119:122 (прод.), Хјустон – Минесота 120:102, Њу Орлеанс – Мајами 124:123 (прод.), Денвер – Сан Антонио 122:119, Феникс – ЛА Клиерс 117:128, Јута – Портланд 81:100, ЛА Лејкерс – Далас 124:102.

Најново во Кошарка