НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ НА СЕЛТИКСИ

Хјустон прокоцка чиста победа, Бостон казни (ВИДЕО)

Бостон го совлада Хјустон со 99:98 со кошот на Ал Хорфорд на три секунди до крајот.  

објавено: 29 декември 2017 - 08:30

Хјустон мечот го отвори со серија од 12-0, а веќе по првата четвртина имаше предност од 20 поени (32:12). Ништо не се промени ниту по првото полувреме, во кое Рокетси доминираа и на одморот замина со 62:38.

Бостон се разбуди во последната четвртина, а на 11 секунди до крајот беше вистинска драма. Откако Харден ги погоди двете слободни фрлања за 98:95, Татум на другата страна заби за 98:97. Ѕвездата на Хјустон имаше шанса да биде херој на мечот, но направи офанзивен фаул, Хорфорд ги постави конечните 99:98.

Кајри Ирвинг беше најефикасниот кошаркар на Бостон со 26 поени, додека Татум имаше 19 поени. Кај Хјустон Харден имаше 34 поени и 10 скока.

Резултати: Орландо - Детроит 102:89, Бостон - Хјустон 99:98, Милвоки - Минесота 102:96, Сан Антонио - Њујорк 119:107, Портланд - Филаделфија 114:110.

Најново во Кошарка